сабота, 1 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

„Концерт на добрината“ – музичка убавина која ја организираше Фондацијата „Елеуса“

понеделник, 13 мај, 2024 | 10:07
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Струмица и струмичани имаа можност да уживаат во неповторлива музичко сценска плетенка од класична музика и балет, староградски мелос, традиционални македонски песни и ора, балетски перформанс адаптиран на македонски ритам и грандиозното финале со изведба на „Тешкото“ од Смокварски низ изведбата на Камерниот оркестар под диригентска палка на Фи Фи Ле, проследено со танцова кореографија.

„Концерт на добрината“ беше насловена музичката убавина која ја организираше Фондацијата „Елеуса“ од Струмица во Центарот за култура „Антон Панов“, а настапија Вокално-инструменталниот состав „Стихири“ и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје.

Од Фондација „Елеуса“ велат дека заедницата само така може да помогне за оние на кои најмногу им треба помош.

„Нашата фондација во неколку години од своето постоење ја покажа и докажа посвтеноста во мисијата – да им се помогне на луѓето кои што страдаат. И Вашето присуство вечерва е доказ за несебичната љубов што ја имате кон нашите собраќа кои се во неволја. Голема благодарнсот до Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов кој секогаш ни ја дава целата поддршка во реализиација на нашита активности. Благодарност и на ДМБУЦ „Илија Николвски Луј“ и директорката м-р Даница Стојанова за нивното гостување“, кажа Наташа Василевска Трајчевска од Фондација „Елеуса“.

„Ваква една симбиоза од неколку уметнички музички гранки не е секојдневие и мислам дека ова беше одлично и за публиката и за самите изведувачи. Досега имаме организирано многу концерти, сцената е таа каде што нашите ученици растат, сцената е нашиот дом, а музиката знаете дека освен што е фасцинантна за секој човек и секое уво, е и лек за душата. Да продолжиме како хуманисти зошто музиката и уметноста е дадена од Универзумот и таму нема трошење, таму енергијата стои и е бесконечна и затоа да бидеме што повеќе хумани и што повеќе да ги поддржуваме нашите деца“, кажа Даница Стојанова, директорка на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје.

Градоначалникот Костадин Костадинов истакна дека добрината е благослов за оној кој ја прима, но добрината е благослов и за оној кој ја дава.

„Вечерва овој храм на културата се престори во храм на добрината по заслуга на организаторите од фондацијата „Елеуса“ на чело со Викарниот епископ Стобиски – господин Јаков, но и на оние кои настапија на сценава. Овој денешен „Концерт на добрината“ го доживеав како извор на вдахновение и чувство на исполнетост со несекојдневни емоции“, кажа Костадинов.

Средствата собрани од „Концертот на добрината“ ќе бидат наменети за некои од хуманитарните кампањи кои го спроведува Фондација „Елеуса“.

ФОТО: Тивериопол.мк

ShareTweetShare
Previous Post

Со едукативно предавање ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ го одбележа Светскиот ден на астма

Next Post

При крај се градежните работи од првата фаза во Социјалната населба – Костадинов изврши увид на досегашните активности

Related Posts

„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица
Вести

„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица

петок, 31 октомври, 2025 | 13:43
Пред струмичани претставена „Приказната на пејзажите“ од ликовниот уметник Панче Ѓорѓиев
Вести

Пред струмичани претставена „Приказната на пејзажите“ од ликовниот уметник Панче Ѓорѓиев

петок, 31 октомври, 2025 | 10:34
Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица
Вести

Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

среда, 29 октомври, 2025 | 12:42
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist