Екипи на ЈПКД „Комуналец“ од денеска почнаа со чистење и уредување на просторот околу и во Градските гробишта во Струмица.
Со чистењето ќе биде опфатен целиот комплекс и сите гробни места и патеки ќе бидат исчистени од треви, стари дрвја, бетонски и други остатоци.
Од „Комуналец“ апелираат и за совесно однесување, да не се уништува урбаната опрема, како и да не се оставаат отпадоци покрај гробовите, се со цел за почиста и уредена средина.
 
 
                                 
 
 
		    






 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								