Екипите на Одделението за одржување на градското зеленило при ЈПКД „Комуналец“ Струмица денеска спроведоа есенско кроење и отстранување на исушените дрвја и гранки од дрворедите на повеќе локации во градот, меѓу кои улиците „Братство Единство“, „Маршал Тито“, „Сандо Масев“ и „Димитар Влахов“.
Од претпријатието најавуваат дека на местата каде што се отстранети оштетените дрвја ќе бидат засадени нови садници, со цел да се обнови и унапреди зеленилото во градот.


































