Екипите на ЈПКД „Комуналец“ Струмица викендов спроведоа акција за чистење на просторот околу спортските игралишта кај градскиот стадион, каде што секојдневно престојуваат голем број деца и млади.
Од претпријатието истакнуваат дека редовно вложуваат напори за одржување на чистотата, но и за подигање на еколошката свест кај младите.
„На терен има поставено два контењери и апелираме отпадот да се фрла исклучиво во нив. Со заеднички напори, овој дел од градот може да добие уште поуреден и почист изглед“, порачаа од „Комуналец“.






































