Со цел за подобрување на јавната чистоќа ЈПКД „Комуналец“ Струмица започнува со акција за генерално чистење на Струмица.
Освен редовното собирање смет и метење на улиците, секоја недела ќе се врши и генерално чистење и собирање на смет и машинско перење на улиците.
Акцијата започнува во недела, 11 јуни во населбите Карпош и Чифлик во градот Струмица во која жителите од овие населби кои имаат било кој вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12:00 часот како би бил подигнат во текот на денот.
Акцијата ќе продолжи и наредните недели во месец јуни, а ќе биде опфатен целиот град.