ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги замолува граѓаните за разбирање и трпеливост во процесот на собирање на комуналниот отпад, бидејќи поради дотраеност на автосмеќарите и појавата на нови дефекти на возилата, подигањето на сметот моментално се изведува во намален обем.
Од претпријатието информираат дека техничките екипи активно работат на отстранување на дефектите и на целосна функционалност на возниот парк. Очекувањата се дека во најкраток можен рок собирањето на отпадот ќе продолжи да се врши согласно утврдениот план и динамика.
„Комуналец“ упатува благодарност до граѓаните за разбирањето и поддршката во овој период.




























