Поради високите температири кои го зафатија регионот од ЈПКД „Комуналец“ Струмица апелираат до граѓаните на Струмица и населените места рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на дворови и наводнување.
„Со рационалното користење на водата за пиење ќе се придонесе за стабилност на системот и континуирано водоснабдување на сите граѓани посебно во топлите денови, што е впрочем и наш најголем приоритет“ – стои во соопштението на комуналното претпријатие.