Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица апелираат до граѓаните да одбираат што фрлат во полуподземните контењери.
„Се молат сите граѓани, посебно оние кои ги користат полуподземните контењери за собирање на смет да бидат исклучително внимателни при истурањето на смет посебно по правењето на зимница. Денеска намерно или не, во еден од контењерите се истурени и недогасени отпадоци од оган при што е стопена и запалена внатрешната вреќа. Благодарение на брзата реакција на Противпожарната служба спречено е проширување на оганот, но контењерот се до замена на изгорената вреќа ќе биде надвор од употреба.
Да бидеме внимателни и никако да не се истура пепел или недогорени дрвја. За таа цел во есенскиот и зимскиот период до секој од полуподземните контењери има поставувено специјални садови за пепел. Апелираме до сите да ја чуваме и внимателно да се однесуваме кон урбаната опрема и допринесеме за поубав изглед на животната средина“ – соопштуваат од „Комуналец“.