вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Босилово

Ковачевски: Рудник не може да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија

недела, 16 јули, 2023 | 16:34
во Босилово, Вести, Ново Село, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Ковачевски: Рудник не може да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија

На денешниот настан за промоција на заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините со Србија, премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање посочи дека Владата нема да дозволи отворање на рудници без согласност на граѓаните.

„Јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и просторно планирање и на претседателот на Влада, дека рудник не може да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија односно две концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО – ДПМНЕ, а рудници не се отворени благодарение на што Владата на СДСМ води постапка да не се отворат рудници“, нагласи премиерот Ковачевски.

Дополнително, премиерот Ковачевски се осврна и на концесиите за рудникот „Иловица“ кои се дадени во мандат на Влада на ВМРО – ДПМНЕ.

„Концесиите за рудникот „Иловица“ се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се работи за никакви нови концесии, туку се работи за концесии одобрени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на странски инвеститор. Второ, дека се работи за одлуки донесени уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ заради кои одлуки државата е сега ставена во судски лавиринти. Се работи за голем број на судски одлуки од кои дел се во корист на странскиот инвеститор коишто ги има во тоа време добиено концесиите“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со рудникот „Иловица“.

  • Ќе има ли рудник кај Иловица и Штука? Од центарот на Струмица одекна гласно „не“.

При тоа, премиерот Ковачевски потенцира дека Министерството за економија ќе ги презентираат одлуките за рудникот на владина седница.

„Она што е интенција на Владата е прво, било која одлука во делот на отворање на рудник да биде во согласност со очекувањата на граѓаните. Односно, ако граѓаните во општините во струмичкиот регион, односно во југоисточниот плански регион Струмица, Ново Село, Василево, Босилово се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има“, дециден е премиерот Ковачевски.

„Она што Министерството за економија, не велам министерот за економија, туку министерството, бидејќи таму постојат служби кои работат на целата судска постапка која се води во изминатите години мора да носат одлуки кои што прво, ќе го заштитат интересот на граѓаните и државата. Кога велам интересот на граѓаните и државата, да не се дозволи државата во арбитражи да плаќа огромни суми на средства, заради раскинатите концесии“, изјави премиерот Ковачевски, кој додаде дека СДСМ и Владата предводена од СДСМ од прв ден биле против тие рудници.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Полицијата уапси разбојник кој нападнал 63-годишна жена во нејзиниот дом и ѝ украл пари

СЛЕДНА ОБЈАВА

Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Вести

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура

вторник, 3 октомври, 2023 | 11:29
Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Босилово

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 17:04
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05

ТОП ВЕСТИ

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist