вторник, 9 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Книга за Борис Трајковски со целосна финансиска поддршка на Фондација „Заев – Едно општество за сите“

среда, 25 септември, 2024 | 15:07
in Вести, Струмица
Книга за Борис Трајковски со целосна финансиска поддршка на Фондација „Заев – Едно општество за сите“

„Господ да ја благослови Македонија“. Така е насловена книгата во спомен на вториот македонски претседател Борис Трајковски, на авторите Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, која неодамна излезе од печат во издание на „Студентски сервис“ од Скопје, а со целосна финансиска поддршка на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.

Автор на предговорот на книгата е основачот и директор на нашата фондација Зоран Заев. Во неговиот текст под наслов „Книга-споменик“ меѓу другото се вели:

„…Споменикот и не мора да биде од гранит, бронза или мермер. Тој може да биде создаден и од хартија и зборови. Нужно е тој да биде направен со почит, љубов и верба. За среќа, сè уште постојат такви луѓе кои, бидувајќи верни на својот занает, умеат тоа да го сторат повеќе од добро. Такви се познатите радио-новинари Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, кои одлучиле да остават зад себе дело за почит и паметење, дело за сегашните и идните генерации, а со намера да ја одбележи 20-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски“.

Вреди да се истакне дека директорот на нашата фондација Зоран Заев, уште во првата година од првиот мандат на неговото градоначалствување со општина Струмица, донесе одлука за подигање споменик на претседателот Трајковски во струмичкиот градски парк. Споменикот, дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, беше откриен во 2005 година, само една година по трагичната смрт на Трајковски. За жал, и по 20 години од неговата смрт, тоа е единствениот споменик во земјата подигнат во негова чест.

Нашата фондација ги почитува и поддржува вистинските вредности. Така беше досега, така ќе остане и во иднина – соопштија од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.

ShareTweetShare
Previous Post

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Next Post

Преку Форум на заедницата ќе се одлучува како да се намали аерозагадувањето и кои мерки да се применат во Струмица

Related Posts

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist