Со одлука на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за нов началник на Секторот за внатрешни работи – Струмица е именуван Кирил Арапов. Тој ќе го замени досегашниот началник Томе Весев кој замина во пензија.
Кирил Арапов е вработен во МВР од 2004 година, а пред именувањето на новата функција беше началник на Одделението за полиција при СВР Струмица.