Денеска во познатиот Етно-ресторан „Кај Виктор“ во Босилово се одржа завршниот настан од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ на „Глада“.
Настанот го отвори домаќинот Коста Тимов, а свое обраќање имаше почесниот претседател на „Глада“, Ребека Јанковска Ристески, која ги измотивира учениците од општината Босилово, учесници на настанот, да пратат пораки напишани на балони или преточени во цртежи.
Во Етно-ресторанот „Кај Виктор“ е поставена и Изложба на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска, која посетителите ќе имаат можност да ги видат во наредните 7 дена. Изложбата вклучува 20 лица со попреченост од повеќе градови од Македонија на различна возраст, а портретите се придружени од приказни посветени на нив.
На настанот беше промовирана и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите портрети, приказни на луѓето кои учествуваат во изложбата, а и македонскиот превод на книгата „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска.
Во пријатна атмосфера во прекрасниот амбиент „Кај Виктор“ беше прожектиран и филмот „Модна Ревија“ од „Глада Худик“ од Њујорк во режија на Јохан Ског.
ФОТОГАЛЕРИЈА