Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска во 10:45 часот интервенирале во близина на селото Банско, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители каде горело патничко моторно возило, кое во моментот на пристигнувањето било во разгорена фаза. За кратко време пожарот бил локализиран и ликвидиран. Причинета е значителна материјална штета.