Членови на Карате клубот „Шихан“ од Струмица беа дел од 5-от ИТКФ Балкански шампионат во традиционално карате, кој се одржа викендот во Скопје, а на кој учествуваа каратисти од сите балкански држави.
Младите струмички каратисти од таму се вратија со дури 15 медали – 3 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали во кадетска и детска конкуренција.