Во рамките на својата предизборна агенда ВМРО-ДПМНЕ имаше средби со граѓаните од Свидовица и Куклиш. На средбата пред насобраните граѓани се зборуваше за лошата состојба во државата и за програмата на кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова. На средбата со граѓаните се претставија и кандидатите за пратеници од листата на ВМРО-ДПМНЕ за Изборната единица 4, д-р Јадранка Поцкова, Жан Дрвошанов, Ели Панова и Антонијо Милошоски.
Како што информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, на средбата се обратија Жан Дрвошанов и Антонијо Милошоски. Во своите говори тие потенцираа дека државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чуствува насекаде.
„Но народот му дава силна и недвосмислена поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 24 април и на 8 мај е извесна и промените наскоро доаѓат“, се вели во соопштението.
Вечерва, ВМРО-ДПМНЕ имаше средби со граѓани во Раборци, Попчево и Рич.