вторник, 13 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

И по 16 години од неговата смрт, неговите „нови“ раскази излегоа „на виделина“ преточени во книгата „Патникот од долината“

среда, 2 ноември, 2022 | 10:20
in Вести
И по 16 години од неговата смрт, неговите „нови“ раскази излегоа „на виделина“ преточени во книгата „Патникот од долината“

Тој милозвучен радиофоничен глас кој некогаш секојдневно се слушаше на брановите на Радио Струмица, препознатливиот глас на легендата на струмичкото и македонското спикерство, Гонца Шивачева, синоќа со расказот за „патникот од долината“, со промена на интонацијата, акцентот, паузата во интерпретацијата, пак ни ги пренесе приказните на починатиот роднокраен писател и новинар Бранко Бјадов.

И по 16 години од неговата смрт уште излегуваат негови дела, напишани во времето на својот не толку долг 67-годишен живот, втора книга по неговата смрт. Поделена во два автономни дела „Жолтото училиште“ со 25 раскази од времето на детството на авторот Бранко Бјадов и вториот дел насловен „Патникот од долината“, во кој новинарското искуство му понудил цел репертоар на теми и ги напишал како репортажи.

„Во книгата на Бранко Бјадов може така условно да се каже дека постојат три групи на раскази. Првата група на раскази се оние кои имаат некоја заокружена приказна, се базираат врз анегдотата, некои од нив, и имаат едно заокружено сиже. Втората група се оние раскази кои можат да се наречат лирско-медитативни раскази во коишто тој емотивно го оживува тоа детство преку еден мис на асоцијации на преспотекции, тоа се во стилска смисла малку поинакви раскази коишто се проникнати со едно лирско чуствување. А осум од тие текстови по својот стил се доближуваат до стилот на репортажата, на некој начин користат елементи на репортажата како новинарски жанр, но сепак припаѓаат на уметничкиот расказ“ – кажа еден од промоторите на синоќешниот омаж на ликот, делото и значењето на Бранко Бјадов, пистателот и драматург, Ацо Гогов.

За Гонца Запрова Анастасова, координатор и уредник на овој проект, 25-те раскази во првиот дел од публикацијата се прекрасни, лесно читливи и во себе ја носат целокупната авторска мудрост на писателот и новинар Бранко Бјадов, додека во вториот дел авторот на еден толку суптилен начин, со умешност и леснотија преку дваесет репортажи со субјективна лирика не води на едно патување наречено живот.

„Духот на метафората за животот, долината, долинарите и нивната судбина, Бјадов живо ја преточува до читателот на начин својствен само нему. Всушност, она што ја прави ова публикација важна за нас е токму зачувувањето на лектичкиот слој од дијалектизми, турцизми, архаизми, којшто упатува на една подзаборавена убавина на говорот во Струмица и кој во книгата има своја уметничка силисходност. Тој спој од дијалектизми, турцизми и архаизми го образуваат дијасистемот на Бјадов кој е доста интересен“ – кажа Гонца Запрова Анастасова.

На промоцијата пред многубројната публика, љубители на пишаниот збор беше презентирано и документарно видео посветено на Бранко Бјадов во кое говорат и негови поранешни колеги од некогашната Радио Струмица, каде тој поголемиот дел од својот работен век го помина како новинар, а подолг период беше и директор, главен и одговорен уредник на ова информативна куќа во Струмица.
Бранко Бјадов бил член на Друштвото на писателите на Македонија. Бил учесник на „Струшките вечери на поезијата“. Неколку песни му се преведени на англиски, француски, руски и ерменски јазик. Автор е на четири книжевни објави, од кои две се поетски. Автор е и на неколку драми и мноштво песни и раскази кој не успеал да ги редактира.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

„Комуналец“ ја исчисти дивата депонија на улицата „Антон Панов“, апелираат таму да не се фрла отпад

Next Post

Загина 72-годишен маж во сообраќајна несреќа кај Граничен премин „Ново Село“

Related Posts

МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34
Падна дрво врз автомобил паркиран покрај оградата на „монополот“
Вести

Падна дрво врз автомобил паркиран покрај оградата на „монополот“

недела, 11 мај, 2025 | 21:36
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Тешко повреден мотоциклист на улиците во Струмица

недела, 11 мај, 2025 | 14:24

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist