сабота, 21 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

И официјално од денеска започна со работа Стационарот за заловување на бездомни кучиња во Струмица

среда, 1 февруари, 2023 | 12:23
in Вести, Струмица

По една година од формирањето на новото Јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња Стационар „Лана“ во Струмица од денеска и официјално започна со работа ова општинско претпријатие кое ќе се грижи за хуман третман и благосостојба на кучињата скитници низ улиците на Струмица со што треба трајно и ефикасно да биде намален нивниот број.

Стационарот располага со 58 боксови, амбуланта и хируршка сала каде кучиња скитници ќе бидат згрижени, стерилизирани, вакцинирани и ќе имаат престој одреден временски период. Стационарот „Лана“ располaга и со две возила со по 6 кафези со кои ќе се врши заловување на кучињата по струмичките улици, а таму веќе се згрижени педесеттина кучиња кои се сместени во боксовите.

Во стационарот „Лана“ оперативно работат двајца ветеринарни лекари, 3 ветеринарни техничари, 2 заловувачи и 3 одгледувачи. Процесот на иницијален третман на околу 500 бездомни кучиња од градот и населените места на општина Струмица започнува веднаш, а во текот на следните 2-3 месеци, во соработка со Факултетот по ветеринарна медицина, Сектор за благосостојба и Агенцијата за храна и Ветеринарство е планирано броење на сите бездомни кучиња во општината.

„Со пуштањето во употреба на Стационарот „Лана“ практично почнуваме со решавање на еден од најголемите проблеми на струмичани, а тоа се бездомните кучиња скитници за кои имавме многу несакани ситуации, каснување на луѓе и во неколку случаи на деца. Додека во државата одредени општини декларативно се занимаваат со овој проблем, ние суштински и системски го решаваме и од денеска општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња. Јас ги уверувам граѓаните дека стационарот ќе ги дава посакуваните резултати. Особено ме радува фактот што веќе ги имаме и првите семејства, граѓани коишто сакаат да вдомат кучиња. Упатувам порака дека колку сме со поголема свест во однос на кучињата скитници и сакаме да ги вдомиме, толку помалку ќе имаме и кучиња скитници на улиците. Ако навистина ги сакаме животните, тогаш да им дадеме дом на сите“ – кажа градоначалникот Костадин Костадинов, кој денеска заедно со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски го посетија Стационарот кој е изграден зад Прочистителната станица кај Сачево.

Директорката на Стационар „Лана“, Сузана Стојкова истакна дека овде бездомните кучиња ќе бидат згрижени, но објектот е и место за едукација и средби на љубителите на животни, место каде ќе се разговара за правата на животните и ќе се учи како да се покаже благодарноста кон кучињата.

Стационарот „Лана“ е резултат на повеќегодишната иницијатива и заложба на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој го изгради и обезбеди возила за заловување на уличните кучиња. Требаше да функционира како регионално претпријатие, но по последните Локални избори новоизбраните градоначалници одлучија основачките права да ѝ ги префрлат на Општина Струмица, која покажа интерес да има свое јавно претпријатие за таа намена.

ShareTweetShare
Previous Post

И во месец февруари ПОПУСТИ во HOME by Almak – нов флаер со намалувања

Next Post

За една година мора да се направи промена на регистарските таблички од „МК“ со ознаката „NMK“

Related Posts

Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Струмичанец со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија

петок, 20 јуни, 2025 | 14:02
Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи
Вести

Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи

четврток, 19 јуни, 2025 | 22:06
Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“
Вести

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“

четврток, 19 јуни, 2025 | 12:57
Во понеделник ќе се прска против комарци
Вести

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:43
Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ
Вести

Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:12
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Вести

Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

вторник, 17 јуни, 2025 | 10:24

ТОП ВЕСТИ

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist