Во групата на Фејсбук „И јас сум Венко Филипче“, често се споделуваат интересни приказни на пациенти на Венко Филипче, но и обични граѓани кои за некоја работа го барале неврохирургот.
Во текот на вчерашниот ден беше споделена интересна приказна од жена која итно морала да разговара со него за време на митингот на СДСМ и коалицијата во Скопје. Таа споделува искуство дека и покрај тоа што го барала од непознат број, Филипче веднаш и се јавил и по второ ѕвонење.
„На второто звонење ми крена телефон. Зборуваше со мене како да се познаваме, многу едноставен, човечки разговор како помеѓу двајца пријатели“ – сведочи жената.