среда, 26 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

И годинава низ улиците на Струмица свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

сабота, 11 мај, 2024 | 13:38
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
И годинава низ улиците на Струмица свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

По утринската Света Божествена Литургија, денеска од пред Црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која вчера беше изнесена од Манастирот „Свети Петнаесет“, продолжи со свечена Литија низ улиците на Струмица до плоштадот „Гоце Делчев“.

Пред поголем број верници на плоштадот се одржа молитвословие, а во присуство на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Делчевско-Каменички г. Марко со свештеници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Поздравно слово одржа Викарниот епископ Јаков Стобиски.

„Еве не, не само денес, туку и вчера и завчера, одиме по стапките на нашите предци, нашите татковци, мајки, баби и дедовци, кои чекореа по Мајката Христова и Мајката наша и никогаш не оддалечувајќи се од неа, заради тоа што нашиот народ многу добро знае дека оддалечувајќи се од Пресвета Богородица, се оддалечуваме од оној што го држи во своите мајчински прегратки“ – кажа епископот Јаков.

По свеченоста, иконата беше вратена и оставена во Црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ за поклонение на верниците во наредните десет дена, а потоа пак ќе биде вратена во „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Вериниот народ утринава имаше можност да се причести со Светите Христови Тајни и да се поклони пред светите мошти на Свети Василиј Велики, Свети Стефан Првомаченик и Свети Гаверил Епископ Велички.

Инаку, во март 2017-та година, од Света Гора иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, како подарок на градот Струмица од светиот игумен на Свештената Обител Дохијар, Старец Григориј со своето во Христа братство, во знак на спомен на чудото што Пресветата Владичица наша Богородица го направила во 2016-та година над 18-годишно немо момче од Струмица, враќајќи му го говорот во целост.

ShareTweetShare
Previous Post

Традицијата продолжува како што продолжува и желбата за староградската песна – Фестивал „Под кулите на Струмица 2024“

Next Post

Повредена жена на електричен тротинет – автомобил удрил во неа

Related Posts

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Вести

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“

вторник, 25 ноември, 2025 | 22:09
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица
Вести

Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица

вторник, 25 ноември, 2025 | 19:56
„Комуналец“ апелира за трпение поради отежнато собирање на комуналниот отпад
Вести

„Комуналец“ апелира за трпение поради отежнато собирање на комуналниот отпад

вторник, 25 ноември, 2025 | 14:57
Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби
Вести

Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби

понеделник, 24 ноември, 2025 | 18:01
Во Струмица се одржа 13-от Фестивал на Источно црковно пеење – вечер исполнета со духовност и традиција
Вести

Во Струмица се одржа 13-от Фестивал на Источно црковно пеење – вечер исполнета со духовност и традиција

сабота, 22 ноември, 2025 | 21:05
Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица
Вести

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица

петок, 21 ноември, 2025 | 11:38

ТОП ВЕСТИ

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица
Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist