Девојките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2024“, кој денеска по 5-ти пат се одржа во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.
Девојките на ОК „Наковски Волеј“ беа поуспешни од „Младост УГД“ со 2:0, потоа ги надиграа и „Газели“ со 2:0, а во борбата за 2-то место „Младост УГД“ ги совладаа Газели со конечен резултат од 2:1 во сетови.
„Тимот на ОК „Наковски Волеј“ како организатор и домаќин на турнирот е задоволен од квалитетот на екипите и покажаната игра на терен, но и од поддршката од бројната публика“ – велат организаторите.
Овој спортски настан е посветен на струмичкиот спортски работник Илија Караманов и е симбол на спортска култура и натпреварувачки дух.