Утрово од 06:00 часот исчезнат е 76-годишниот Благој Муртинлиев од Струмица. Според информациите од семејството, тој последен пат бил виден во близина на својот дом, а оттогаш не се знае каде се наоѓа. Тие апелираат до сите граѓани кои имаат било каква информација што може да помогне во пронаоѓањето на Благој, веднаш да се јават на телефонски број: 071 588 039.