недела, 10 декември 2023
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Интервју со фолклористот Иван Котев: Нашиот човек треба да види дека некој се грижи за него

вторник, 7 март, 2023 | 17:52
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Јубилејната петнаесетта книга на македонскиот фолклорист Иван Котев „Наведе́ се с’нце да зајде“, пред недела дена излезе од печат, а нејзината промоција ќе се случи овој месец. Котев, кој повеќе од половина век собира и проучува фолклорен материјал од Струмичко, ја посветува оваа книга на неговото родно место, струмичкото село Робово. Во најновата книга на Котев се поместени песни, приказни, поговорки, кажувања, информации за празници, обичаи и друго, кои оваа книга ја прават значајно дело за културно-историското наследство на Робово. Ова е втора книга на Котев за неговото родно село, по издадената во 1995 година „Училиштето во Робово од преродбата до денес“, која ја следи историјата на училишното дело на ова село, која е особено значајна затоа што, според познатите историски податоци, Робово е првото место во струмичкиот крај во кое се отвора преродбенско училиште.

По повод издавањето на неговата најнова книга, Радио СтрумицаНет направи интервју со Иван Котев. Во интервјуто, струмичкиот Димитар Миладинов или Марко Цепенков на нашето време, чичко Иван зборува за јубилејната книга, како и за неговата полувековна собирачка и проучувачка дејност, присетувајќи се на почетоците, како и на љубовта кон народното творештво, всадена кај него уште од рани години од неговите родители, робовчаните Савета и Илија Котеви, на кои и им ја посветува новата книга. Теренската работа на Котев содржи многу искуство и запознавање со многу луѓе. Тој со восхит раскажува за неговите информатори. Некои од нив на доцни години, во постела, се нафатиле да му го пренесат народното творештво, за истото да биде овековечено.

Архивата на Иван Котев е полна со материјал што допрва треба „да види бел ден“. Тој веќе работи на неколку нови книги, една од нив е и вториот том на „Мудроста на вековите“. Поголем дел од творештвото на Котев е издадено во последните неколку години.

„Книгата „Наведé се с’нце да зајде“ (Фолклорни и етнолошки материјали од село Робово, Струмичко, Струмица 2022г.) е дело со кое Котев, на најдостоинствен начин му се оддолжува на родното место. Оваа книга претставува пребогат извор на автентични теренски материјали за народното творештво и народниот живот на село Робово, навидум еден мал локален простор, но со огромна културолошка вредност. Ова вредно дело укажува на потребата од расветлување на ваквите мали сокриени и маргинални места на географската карта на Македонија, но места на кои се случувале значајни настани што народот ги засведочил и ги конзервирал во песна, приказна, легенда, предание, кажување… Сериозниот пристап поткрепен со научна акрибија, го прави Котев човек кој, не само што запишува и дешифрира материјали од терен, туку и истражувач кој го проучува фолклорот и изложува свои тези поврзани со него“, пишува рецензентката на книгата, професорката Ана Витанова Рингачева. (К.Ѓ.)

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со Иван Котев >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Кривична пријава за жител на Василево – криумчарел мигранти

Next Post

Во Радичево се асфалтира улицата кон црквата „Св. Илија“

Related Posts

Синоќа Струмица со многу високо ниво на загадување – на полноќ 363 микрограми ПМ10 честички во воздухот
Вести

Струмица утре празнува, ги слави Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

недела, 10 декември, 2023 | 08:32
За 8 часа изречени 197 санкции на возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Вести

СВР Струмица: 138 возачи управуваа моторни возила со брзина поголема од дозволената

сабота, 9 декември, 2023 | 11:15
Полициски службеници во контрола на угостителски објекти во Струмица – пронајдени малолетници по 24 часот
Вести

Полициски службеници во контрола на угостителски објекти во Струмица – пронајдени малолетници по 24 часот

петок, 8 декември, 2023 | 14:02
Небиу и Костадинов во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш поделија нова детска облека запленета од македонските институции
Вести

Небиу и Костадинов во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш поделија нова детска облека запленета од македонските институции

четврток, 7 декември, 2023 | 18:27
Волонтерството е значаен фактор во животот на еден млад човек — кусометражен филм на Црвен крст – Струмица по повод Денот на волонтерството
Вести

Волонтерството е значаен фактор во животот на еден млад човек — кусометражен филм на Црвен крст – Струмица по повод Денот на волонтерството

среда, 6 декември, 2023 | 21:14
„Pull Up“, нова песна на струмичкиот рап артист Дако, трета за оваа година
Магазин

„Pull Up“, нова песна на струмичкиот рап артист Дако, трета за оваа година

среда, 6 декември, 2023 | 19:58

ТОП ВЕСТИ

Документарниот филм „Лука“ со Специјална награда од жирито на „Jeju Movie Concert Festival“ во Јужна Кореја
Млади со попреченост ѕвезди на модната писта – „Убави сме, свои сме“
Ќе се раскажува концертот на YU FOR YOU – Празник во Струмица на евергрин музиката и легендите

ВЕБ БИЛБОРД

Домот за стари лица „Св. Јован“ има потреба од негуватели Домот за стари лица „Св. Јован“ има потреба од негуватели
Млекара ЈОКА вработува Млекара ЈОКА вработува
МУЛТИХЕМ има потреба од вработување на две лица МУЛТИХЕМ има потреба од вработување на две лица
СЕ ИЗДАВА трособен наместен стан во центарот на Струмица СЕ ИЗДАВА трособен наместен стан во центарот на Струмица
„Алмак“ Струмица вработува шивачки во производствениот погон за душеци „Алмак“ Струмица вработува шивачки во производствениот погон за душеци
„РАЗНОПРОМЕТ АС“ Струмица има потреба од работници „РАЗНОПРОМЕТ АС“ Струмица има потреба од работници
СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР позади зградата „Здравец“ СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР позади зградата „Здравец“
СЕ ИЗНАЈМУВА АТРАКТИВЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА! СЕ ИЗНАЈМУВА АТРАКТИВЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА!
АЛМАК вработува! АЛМАК вработува!
Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон

АПЕЛ за ПОМОШ на Дениса!

АПЕЛ за ПОМОШ на Дениса!

НАЈАВА

„РАСПЕАНИ СТРУМИЧАНИ“ својот традиционален годишен концерт ќе го одржат на 14 декември
Во недела и понеделник посебен режим на сообраќај кон Црквата „Свети Петнаесет“
Во среда одете на одбојка, навивајте спортски и донирајте за младиот спортист Виктор Боневски
Ковачевски, Тренчевска и Аврамовска Мадиќ денеска во посета на Струмица
На 2 декември по 7-ми пат „Убави сме, свои сме“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist