недела, 7 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Има многу документација, но се исплаќа – Милош од Јосифово и Васко од Собри преку ИПАРД до нова земјоделска механизација

четврток, 2 октомври, 2025 | 13:59
in Вести, Струмица
Има многу документација, но се исплаќа – Милош од Јосифово и Васко од Собри преку ИПАРД до нова земјоделска механизација

Милош од Јосифово и Васко од Собри - валандовско, корисници на средства од ИПАРД програмата

Милош Кецојевиќ (40) од селото Јосифово, општина Валандово, по втор пат користи помош од ИПАРД програмата. Прв пат добил во 2012-2013 година и сега, во 2023 година. Од првото аплицирање добил „атомизер“ и „мулчер“, а од последното аплицирање трактор „Cararo“, фреза и меѓуредна машина во вредност од околу 50.000 евра.

За можноста да ја користи помошта од ИПАРД дознал преку интернет и вели дека немал проблеми при аплицирањето и се поминало во најдобар ред. Добил 70 отсто поврат на вложените средства, бидејќи, како што вели, тогаш бил помлад и му следувал поголем поврат на средствата, кој бил исплатен во предвидениот рок.

„Најмногу ми помогнаа од Агенцијата за унапредување на земјоделството при ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Валандово. Машината ми е наменета за оревите кои ги имам посадено на 2 хектари, односно околу 450 садници, потоа имам калинки на 1,5 хектар и имам лозов насад на околу 2,5 хектари на кој одгледувам сортно грозје „Модaвија“, вели Кецојевиќ.

Милош од второто аплицирање за ИПАРД средства набавил трактор „Cararo“, фреза и меѓуредна машина во вредност од околу 50.000 евра.

Обемната документација најголем проблем за фармерите

Кецојевиќ потенцира дека конкурира два пати за добивање механизација од ИПАРД, се му е познато, но најмногу му смета обемната документација.

„Потребно е да се подготви обемна документација, треба многу внимание, но со посветеност и помош од надлежните се стигнува до целта. Едноставно, условите во огласот мора максимално да се почитуваат и да се внимава. Секако помошта од консултантите е немерлива, но мене ми беше малку полесно, бидејќи по професија сум правник и тоа многу ми помага. Верувам дека им треба повеќе помош на обичните земјоделци за да можат да ја подготват обемната документација“, смета Милош.

Им порачува и на другите земјоделци да конкурираат на ИПАРД програмата, но како што вели на огласот на кој тој ја добил механизацијата било дозволено да се аплицира само за механизација со мотори „еуро 5“.

„Кај повозрасните постои одбојност кон овие еколошки мотори. Сите би сакале „еуро 3“, но правилата за ИПАРД се построги и мора да се почитуваат. Сепак, од страна на добавувачите треба да се обрне малку повеќе внимание за обука на специфични трактори, како што е мојот, бидејќи од упатството тешко се учи. Овие трактори имаат компјутерски софтвери и не е баш едноставно. Можеби би требало да се организира обука во траење од десетина денови“, посочува Кецојевиќ.

Дел од опремата што ја напавил Милош од Јосифово преку ИПАРД програмата

Опремата од ИПАРД ми носи продуктивност, вели Васко од Јосифово

Потенцира дека со опремата од ИПАРД се зголемува продуктивноста во работењето, но со нив треба да се користи и европска дополнителна механизација, на пример култиватори, бидејќи тогаш може да се обработи поголема површина.

„Тракторот е мошне силен, има 75 коњски сили и доколку му додадеш друга механизација без проблем ќе работи и ќе биде мошне продуктивен“, вели Кецојевиќ.

Тој им препорачува на земјоделците да аплицираат и да ги користат средствата од ИПАРД, бидејќи самите средства се вредност и помагаат да се зголеми профитот.

Во Јосифово и други земјоделци се корисници на средства од ИПАРД, но како што вели нашиот соговорник треба поголема информираност и да се надмине бариерата дека правилата се строги и дека тие треба да се почитуваат.

Документацијата е обемна но се исплаќа, смета Кецојевиќ од Јосифово

Во процесот на аплицирање за ИПАРД ми помогнаа МЗШВ и АПРЗР, вели Танчев 

Васко Танчев од валандовско Собри од март 2021 година ја користи помошта која ја доби преку ИПАРД програмите за осовременување на земјоделското производство. Имено, откако заедно со син му дознале за можноста да добијат таква помош, во неговиот двор е паркирана големата тракторска приколка од 4 тони и депозитерот за губрење.

Вели дека најпрвин ја набавил опремата, односно ја платил сумата од 240.000 денари, а потоа преку ИПАРД му се вратени парите во износ од 60, односно 70 отсто.

„За 1.500 евра добив и приколка и депозитер, односно толку изнесуваше моето учество. За да конкурирам ми помогнаа во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Валандово, односно преку Агенцијата за унапредување на земјоделството. Ги собрав сите документи и со нивна помош успешно аплицирав, вели Васко.

Преку ИПАРД му се вратија парите во износ од 60, односно 70 отсто, вели Васко Танчев од Собри – валандовско

Додава деке е повеќе од задоволен од добиената помош.

„Ќе почне бербата на винското грозје не можеш да најдеш приколка. Барав да купам тука, но за скоро искршени приколки бараа по 1.500 до 2.000 евра. Аплицирав и по 4-5 месеци ми се јавија за да склучам договор во Скопје. Потоа дојде комисија и по неколку денови средствата ми беа исплатени“, додава Васко.

Смета дека на прв поглед можеби изгледа дека лесно се добива бараната помош, но потребно е да се пополнат голем број на документи, но, како што вели, кога има кој да го води целиот процес ништо не е тешко.

Тракторската приколка ќе ми служи за транспорт на грозјето од секоја реколта, вели Васко

Планира да набави „мулчар“ за да ги дробе лозовите гранки

Следно за што рамислува Танчев е да конкурира за набавка на машина „мулчар“, со која гранките по кроењето на лозјето се дробат и остануваат во почвата.

Упати апел до сите земјоделци да конкурираат, бидејќи се што се добива од ИПАРД програмата е добро и корисно.

Гроздовите од неговите 12 декари винско лозје сега полесно ги собира и ги превезува со приколката. Тоа што му било најпотребно го добил – тракторската приколка и депозитарот за губрење ќе ја чекаат новата производствена сезона.

ShareTweetShare
Previous Post

Атанасовски за Локално: ЗНАМ може да биде клучен фактор во Советот на општина Струмица

Next Post

Даскаловски: Енергијата што ја чувствуваме вечерва е доказ дека овој град знае што сака и знае кој може да го води напред

Related Posts

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Вести

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

сабота, 6 декември, 2025 | 10:42
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39

ТОП ВЕСТИ

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist