вторник, 1 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Излезе од печат монографија посветена на Иван Котев и неговата фолклористичка дејност

четврток, 14 декември, 2023 | 13:14
in Вести, Струмица
Излезе од печат монографија посветена на Иван Котев и неговата фолклористичка дејност

Денеска излезе од печат монографијата „Иван Котев – меѓу фолклорот и животот“. Оваа вест пред малку ја сподели авторката, Ана Витанова-Рингачева, книжевна критичарка, есеистка и универзитетски професор, која повеќе години соработува со Котев и го проучува фолклорниот материјал собиран од него. Котев половина век е посветен на неговата мисија да ги сними, дешифрира и запише македонските народни песни, приказни, поговорки и да ги зачува од заборав. Таа негова мисија започнува на почетокот на 1970-тите, кога веќе работи на просветен план како наставник по македонски јазик во струмичко Босилово.

„Македонскиот фолклор, victus et amictus (храна и облека), нужност без која животот на Иван не би му имал смисла, станува негова единствена судбина. Поседува тој една зачудувачка работна дисциплина, живее со постојана вознемиреност од потребата да запише барем уште една приказна, песна, поговорка, да се собере уште од она што останало. И така, трошка по трошка повеќе од пет децении Иван Котев ја полни трпезата за нас вечно гладните и ненаситни души. Наумил тој да ѝ пркоси на намерата да се пропадне во сопственото време, да се потоне во едноличноста и просечноста, беспоговорно да ѝ се предадеме на судбината со помиреност дека сме само патници на векот“, пишува професорката Витанова-Рингачева во нејзината објава по повод излегувањето од печат на монографијата.

Котев има публикувано петнаесет книги и десетици научни статии. Најновата книга „Наведе́ се с’нце да зајде“ е посветена на неговото родно село, струмичко Робово, а по повод нејзиното публикување во март годинава имавме чест Котев да нѐ угости во неговиот дом, во неговата богата домашна библиотека, по чии полици се наоѓаат безброј книги за македонската култура и историја, и да ни раскаже за неговиот живот и за богатството на македонскиот фолклор, кое тој најизворно го осознал како деец за негово зачувување и негување. Ценејќи го значењето на Котев, во 2021 година Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, чиј долгогодишен соработник е тој, организираше симпозиум „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“.

„Низ неговото дело јазикот се буди од јаслите на меморијата, народниот раскажувач седнат до огништето ја раскажува приказната за непослушниот син, а пејачот го раскрилува својот глас, за да ја испее песната, онаа најдолгата. Силно сраснат со цврстата цивилизациска вертикала, Котев станува нејзина силна поткрепа. Неговото дело вклопено во мозаикот на светската култура како најголема цивилизациска вредност, всушност е наша одвет, но и отчет кон светот, кој понекогаш заборава дека сме тука“, напиша Витанова-Рингачева.

Истражувачкиот труд на Витанова-Рингачева преточен во оваа монографија од околу 500 страници е поделен на три дела. Првиот дел е биографско-библиографски, во вториот дел се поместени критички осврти, анализи и предговори на авторката, а во третиот текстови, критики и осврти на значајни македонски научници и истражувачи. Според рецензентката на книгата Марина Даниловска, оваа книга е редок потфат со којшто се остава трага во македонската фолклористика.

Во својата објава Витанова-Рингачева се заблагодарува на Ермис Лафазановски и Сузана Мицева за, како што вели, вербата и крилјата, на рецензентката Марина Даниловска, на лекторката Фросина Милева, на фотографот Сречко Гунчев, како и на Министерството за култура и печатницата „Европа 92“ од Кочани.

Авторката Ана Витанова-Рингачева е родена во 1981 година во Струмица. Таа дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со одбраната на темата „Шаманизмот како „културен остаток“ во македонската народна традиција“ во 2017 година се стекнува со звање доктор по филолошки науки. Витанова-Рингачева е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што раководи со Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет. Таа е автор на десетици трудови и книги, меѓу кои е и „Струмичко литературно соѕвездие“ (2015), напишана во соавторство со Котев. К.Ѓ.

ShareTweetShare
Previous Post

ПОВИК ЗА ОБУКА НА МЛАДИ ПОТКАСТЕРИ

Next Post

Промоција на Монографијата „100 години Тиверија – еден век фудбалска историја“

Related Posts

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21

ТОП ВЕСТИ

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist