Доцна попладнето изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица, информираа од Територијалана противпожарна единица на Струмица. Го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
„Во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза. За кратко време пожарот е локализиран и ликвидиран“ – се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е значителна материјална штета, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
ФОТО: ТППЕ Струмица