Младиот струмичанец Иван Кукиќ оддамна се вбројува меѓу ѕвездите на естрадата, уште со настапите со Влатко Стефановски како дел од „Влатко Стефановски трио“, а со потпишувањето договор со една од најреномираните дискографски куќи на бившите ЈУ простори „Croatia Records“ и издавањето на својот деби албум, Иван Кукиќ е чест гост на многу концерти и фестивали заедно со елитата на ex-Yu rock & roll музиката.
Иван и неговиот бенд синоќа настапија и на познатиот фестивал „Славонија фест 2024“, токму со песни од новиот албум „Sunday vibes“. Публиката воодушевена од „свирката“ и пеењето во живо на младиот струмичанец, го наградуваа него и бендот со овации и аплаузи.
Вечерта на фестивалот, покрај Иван Кукиќ со бендот, настапија познати хрватски групи и солисти: Parni Valjak, Igor Drvenkar, Tacoor, Neverne Bebe, Emir and Frozen Camels, Mahkey, Zona Iskljuchenja, Vedran Božić & Rock Masters…
ФОТО/ВИДЕО: Radio Brod