петок, 5 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Иван Котев за празнувањето на Велигден

недела, 20 април, 2025 | 11:47
in Вести, Магазин, Струмица
Иван Котев за Митровден: Во повеќе села во струмичко се принесува жртва која има за цел да се измоли здравје за луѓето и стоката

Денеска е Велигден, најголемиот христијански празник. Без разлика кога и каде се празнува, овој празник ја зачувал до денешен ден својата суштина: победа на животот над смртта. Денешниот Празник е голем по многу нешта, вели познатиот македонски фолклорист Иван Котев од Струмица.

Тој не се чевствува само денеска, туку Велигден е систем од празници и дати кои се поврзани со овој голем и свет Ден. Велигденските чевствувања, практично, започнуваат со Прошталните поклади кога започнуваат долгите педесетдневни Велигденски пости и траат, практично, до Вознесението Христово (Спасовден; Св. Спас) кој се паѓа 40 дена по воскреснувањето Христово, односно по Велигден; Велигден е Празникот во кој се слави победата на животот над смртта, нешто, што е суштината на Христовата вера; со Велигден се поврзани и многу други празници кои се чевствуваат и нивната дата зависи од најголемиот Празник над Празниците – Проштални Поклади или Велики Поклади, исто така голем празник; потоа Тодорова сабота; Лазарова Сабота; Цветници (сите пред велигден) и Спасовден, четириесет дена по Велигден, празник кој секогаш се празнува во четврток. Сите тие празници се наречени подвижни празници оти ја менуваат датата, ама денот не го менуваат. Така, Велигден може да се падне дури во 35 датуми!

Како се одредува датата на празнувањето на Велигден? Како може да се празнува во толку многу различни датуми? За тоа си има Правила. Овие Правила биле донесени во 526 година. Овие Правила налагаат Велигден секогаш да се чевствува и слави по пролетната рамнодневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела, но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат својот празник Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха, Велигден се одлага за првата недела, недела по следната полна месечина. Доколку, пак, се совпаднат во ист ден, се одлага за следната недела.

Македонскиот народ со голем пиетет и радост го слави Велигден. Некогаш во селата три дни и три ноќи се играле ора, се пееле велигденски песни, се славела радоста за победата на животот и за воскреснувањето на Спасителот. До скоро некои култни места во Струмичко беа масово посетувани и таму се славеше велигден. Народот има џиновска меморија. Ништо не може да ја избрише! Се посетуваат култни места каде некогаш, во длабокото минато, го славеле својот празник над празниците. И кога го славеле слободно, и кога го славеле кога биле прогонувани. Така, кај Ново Село, Струмичко, пред влезот во селото на самиот пат од Струмица према македонско-бугарската граница, има месност викана Велинска Црква. Според преданието, тука некогаш имало црква каде населението го славел Велигден. Црквата како објект денеска не постои, но ние имаме запишано бројни песни на оро и безброј фотографии кога река народ од Ново Село се слеваше кон Велинската Црква во попладневните часови од вториот ден на Велигден. Тука се пееше и играше, се раздаваше од дома донесената храна, луѓето се дружеа, се радуваа, се смееја.

Велигден има(ше) интегративна функција.

Дај Боже овој тренд да продолжи!

Народниот творец, инспириран од Велигден, создал бројни легенди, песни, поговорки и пословици, а практикувал и безброј обичаи со цел достоинствено да го праслави Празникот и, истовремено, да си помогне и себе си.

И денеска ќе ги слушнеме поговорките:

Гледат го како велиденско јајце!

Тај се е родил на Велиден! (За касметлија човек.)

Секој ден не е Велиден.

…И многу други!

Во прилог на овој текст еве и една велигденска песна снимана 1973 година во село Ново Село, Струмичко:

Појде мома

Појде мома студна вода, ле, студна вода,

појде лудо с кон по неја, ле, с коњ по неја,

да ја стигне, да ја сретне, ле, да ја сретне.

Стигнало гу онде доле, де, онде доле,

тамо доле под ораси, ле, под ораси.

–Дај ми моме студна вода, ле, студна вода,

ја да пием, којн да појам, ле, којн да појам!

–Бегај, лудо, ај оттука, ле, ај оттука!

Ен՚ го татко онде горе, ле, онде горе,

онде горе, каде оре, ле, каде оре,

каде оре бел пченица, ле, бел пченица!

Ќе ме види, да ме кара, ле, да ме кара!

Мани кавга, ќе ме срами, ле, ќе ме срами,

на Велигден пред другарки, ле, пред другарки!

Песната е снимана на 24.1.1973 год. во с. Ново Село, Струмичко;

Информатор: Ленка Ѓоргиева, родена 1946 год. во с, Дрење, Крива Паланка; овде дојдена 1968 година; има завршено Педагошка академија во Штип, група математика и физика;

Снимал и дешифрирал: Иван Котев

НЕКА Е ЗА ВЕК И ВЕКОВ ДЕНЕШНИОТ ГОЛЕМ ПРАЗНИК! АМИН!

Иван Котев

ShareTweetShare
Previous Post

Воскресна света Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица

Next Post

Почина папата Франциск

Related Posts

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Вести

Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

петок, 5 декември, 2025 | 08:20
Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“
Вести

Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“

петок, 5 декември, 2025 | 08:07
Градоначалникот Костадинов со реакција по прес конференцијата на министерот Цветан Трипуновски
Вести

Костадинов со реакција на Фејсбук: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

четврток, 4 декември, 2025 | 15:50
На 11 септември стартува јавниот градски превоз во Струмица со 10 електрични автобуси
Вести

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

четврток, 4 декември, 2025 | 15:28
Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели
Вести

Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели

четврток, 4 декември, 2025 | 09:05

ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist