Кик-бокс мајсторот и тренер во Кик-бокс клубот „Тим Зоран“ во Струмица, Зоран Спасов викендот во Куќата на славните во Лисабон, Португалија по втор пат го доби признанието „Велемајстор на годината“.
Струмичанецот Зоран Спасов целиот свој живот го популаризира и афирмира кикбоксот, создавајќи млади спортисти од областа на кикбоксот кои ја презентираат и афирмираат Струмица и Македонија низ светот. Тој и неговиот тим од Кик-бокс клубот од различни генерации се учесници на многу државни и меѓународни натпревари и секогаш од таму се враќаат со високи освоени места.