Општинската организација на ЗНАМ – За наша Македонија од Струмица синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ ја одржа завршната активност на теренското анкетирање на граѓани на општина Струмица.
Членови и активисти на ЗНАМ, кои учествуваа во анкетирањето, на синоќешниот настан најавија дека следната седмица ќе учествуваат и во креирањето на предизборната програма за претстојните Локални избори 2025.
„Следните десеттина дена нашите активисти ќе ја креираат програмата. Нашите врати продолжуваат да бидат отворени за граѓаните кои имаат идеи за подобра општина Струмица или кои сакаат да и се приклучат на нашата партија. Сметам дека на нашите сограѓани им станува се појасно дека на Струмица и се случува нешто што не се случило порано. Способни и чесни луѓе, кои претходно не биле во политика стануваат политичка сила која ќе менаџира со општина Струмица“, кажа пратеникот Миле Цеков, кој како претседател ја води Општинската организација на ЗНАМ – За наша Македонија во Струмица.