вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Босилово

Здрава Котлина: Предлогот на СДСМ за референдум за рудникот е замајување и обид за одвраќање од протести, евентуален ефект од референдум ќе има на избори

недела, 9 јули, 2023 | 13:04
во Босилово, Василево, Вести, Ново Село, Струмица
Здрава Котлина: Предлогот на СДСМ за референдум за рудникот е замајување и обид за одвраќање од протести, евентуален ефект од референдум ќе има на избори

Откако во саботата Централниот одбор на владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија го соопшти ставот на партијата дека граѓаните на струмичките општини треба на референдум да се изјаснат дали се за отворање на рудникот кај Иловица и Штука, денеска граѓанското еколошко здружение „Здрава Котлина“ од Струмица, кое од 2017 година се бори против отворањето на рудникот, го соопшти својот став дека предлогот за референдум е замајување и обид за одвраќање на луѓето од протести.

„Предлогот за референдум е замајување на јавноста, стварање конфузија, тактика за одвраќање на луѓето од протести, обид за релативизирање и смирување на револтот што се шири како пожар низ Македонија“, велат од „Здрава Котлина“.

Овој јули прашањето за отворањето на рудникот кај Иловица и Штука на Огражден повторно се актуализираше по владината одлука од 4 јули за спојување на двете концесии за експлоатација на минерални суровини на Еуромакс Рисорсис, компанијата која сака да го изгради и да оперира со рудникот. Незадоволни од оваа одлука, од „Здрава Котлина“ најавија протестна блокада на центарот на Струмица во сабота, 15 јули.

  • Споени концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука, активисти најавуваат мобилизација
  • Протестна блокада на центарот на Струмица по владината одлука за спојување на концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука
  • СДСМ: Граѓаните на струмичките општини треба на референдум да се изјаснат дали се за отворање на рудникот кај Иловица и Штука

„Најпрво тетовски Еколог влезе во Еуромакс, па Управниот суд донесе дијаметрално спротивна одлука, па бесрамната Влада ги спои концесиите, а вчера извршниот одбор на СДСМ излезе со предлог за референдум?!?

Добро има ли некој нормален што не би ви кажал дека со ваков предлог се „остава“ на народот со гласање да аминува и да го покрие криминалното барање за обештетување што адвокатите на Еуромакс и Владата би го договориле на арбитража.

Не е спорно дека никој не сака рудник и дека евентуален референдум против рудникот на смртта ќе биде местен како што е потребно на елитите во политичките партии!

Но, Уставниот суд во 2018 година не научи дека локални референдуми не се уставни за рудници!

Ова е обид за обезбедување алиби од кривична одговорност на функционерите што се имаат потпишувано на документи и што делувале криминогено. Особено затоа што успешен референдум ќе биде причина за овозможување на легална пљачка на буџетот поради договорени оштетни побарувања.

Останува да им порачаме на извршниот одбор на СДСМ дека евентуален ефект на референдум ќе има, но на денот на редовни или вонредни избори. А по тие избори ќе има многу незгодни прашања за сите што овозможија или не постапија за да се одржат законите на државата“, стои во соопштението на „Здрава Котлина“.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Мицкоски од Струмица: За неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада

СЛЕДНА ОБЈАВА

Кај силусите на „Жито Струмица“ во сообраќајна незгода тешко повреден мотоциклист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Вести

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура

вторник, 3 октомври, 2023 | 11:29
Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Босилово

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 17:04
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05

ТОП ВЕСТИ

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist