петок, 4 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Василево

Здрава котлина: Депонијата „Шапкар“ трет ден гори

петок, 28 јуни, 2024 | 13:14
in Василево, Вести, Струмица
Здрава котлина: Депонијата „Шапкар“ трет ден гори

Активистите на „Здрава котлина“ реагираат на социјалните мрежи за чад и смрдеа кои се шират низ струмичко од депонијата „Шапкар“ кај Добрашинци, која веќе три дена гори, а надлежните не реагираат.

Интегрален текст од реакцијата на „Здрава котлина“:

ДЕПОНИЈА ШАПКАР ТРЕТ ДЕН ГОРИ

Веќе три дена по ред депонијата Шапкар кај Добрашинци постојано гори и отровниот чад го дишеме постојано. Особено смрди на изгорена пластика и гума што значи дека канцероген пепел веќе е во сите нас.

Неспособноста да се менаџира една полурегуларна депонија заедно со сознанието дека одредени профитерски фирми носеле индустриски отпад од општина Кавадарци за да се депонира во Шапкар се само индикација за она што последниве години се случува.

Мафијашка спрега за огромен профит!

Државен инспекторат за животна средина / Inspektorati Shtetëror i Mjedisit дојдете, видете, направете записници, проверете видео надзори, изречете казни!!!

Пожарникари – Струмица иако знаеме дека ова не е ваша работа, туку работа на јавно претпријатије што собира пари за менаџирање со ѓубре, сепак ве молиме да интервенирате и да направите се што може за да се изгасне и запре вдишувањето на канцероген чад од депонијата.

Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH Делувајте по допрен глас за криминалот што се случува со постојаното загадување и малверзациите со операции на отпад (опасен и неопасен) на струмичките фирми кои се занимаваат со отпад а особено на оние што имаат секакви лиценци и дозволи а во исто време носат отпад од други плански региони во Шапкар.

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme Делувајте по допрен глас за криминалот што се случува со постојаното загадување и малверзациите со операции на отпад (опасен и неопасен) на струмичките фирми кои се занимаваат со отпад и генерираат милионски профити во евра со по десетина вработени.

Јавно Обвинителство на Република Македонија еве ви допрен глас за да делувате ако сакате да помогнете долгорочно на Струмичко! Овде има и делува канцерогена мафија која продуцира огромни профити и делува најмногу во зимскиот период, но ете и во летниот. Има денови кога не гори ниту една депонија а сепак има чад кој е јасно видлив во атарот на Општина Босилово и Општина Ново Село па кога реагираме тогаш како под команда се палат сите депонии. Има огромен економски интерес за оној што е во позиција да менаџира во таква дејност па за профит се што може се гори како на пример кабли, украдени трафостаници, опасен отпад деклариран како неопасен и слично. На пример бакарот од отпадни и украдени предмети завршува во некој откупен центар што профитира од разлика во цени на купопродажба таквиот бакар. Испитајте кој ги има сите лиценци за менаџирање со отпад, кој има милионски профити со десетина вработени, кој шета отпад од цела Македонија до Шапкар, кој има мотиви да уплаќа огромни позајмици на фирми во блиски на јавни политички личности, кој има храброст да гради објекти на спој на водни канали во Општина Струмица, кој сака да гради тешка загадувачка индустрија Г1 во Струмичко…

Влада на Република Северна Македонија прочитајте се што е напишано овде, проверете ги сите работи и делувајте.

Нулта толеранција на дело!

ShareTweetShare
Previous Post

Излезе од печат нова книга од струмичанецот Ацо Гогов – „Патот накај дома“

Next Post

Моноспитово утре два часа без вода, од општината предупредуваат водата да се користи рационално

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
Вести

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

среда, 2 јули, 2025 | 22:38
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица
Босилово

Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево

среда, 2 јули, 2025 | 21:27
Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените
Вести

Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица

среда, 2 јули, 2025 | 20:42
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Василево

Сообраќајка на патот Радовиш – Струмица, возачот се здобил со тешки телесни повреди

среда, 2 јули, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичанец пронајден мртов на паркинг во Скопје

вторник, 1 јули, 2025 | 17:12
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

СВР Струмица за вчерашната полициска акција

вторник, 1 јули, 2025 | 15:56

ТОП ВЕСТИ

Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist