Се ближи традиционалниот Новогодишно-Божиќен концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, годинава насловен „Звуци од вечноста“. На четири дена пред Новата 2025 година, петок, 27 декември од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Оваа година, солистите, хористи и инструменталисти ќе ве почестат со безвременските звуци од најголемите автори на класична музика.
Влезница: 200 денари
Зачувајте си го датумот: 27.12.2024 година (петок) – 19:00 часот…