Вчера во периодот од 10:00 до 18:00 часот на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа, биле констатирани 197 пречекорувања на брзината, од кои 81 на подрачјето на Струмица, 50 на подрачје на Радовиш, 37 на подрачје на Гевгелија и 29 на подрачје на Валандово. Од нив, 122 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 75 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.