Во текот на вчерашниот ден (22.03.2024) во периодот од 16:30 до 23:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струмица, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 35 за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 19 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), информираат од МВР.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.