недела, 25 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

За говорите на трибината на Фондацијата „Елеуса“ со реакција „Платформата за родова еднаквост“, реагираше и Министерството за труд и социјална политика

вторник, 21 март, 2023 | 17:34
in Вести, Струмица
За говорите на трибината на Фондацијата „Елеуса“ со реакција „Платформата за родова еднаквост“, реагираше и Министерството за труд и социјална политика

Трибината што се одржа во петокот во Струмица на тема „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“, а во организација на Фондацијата „Елеуса“ на Македонската Парвославна црква заговара против Законот за родова еднаквост и воведувањето на сеопфатно сексуално образование во училиштата, реагираат од Платформата за родова еднаковост, според кои ваквото делување на Црквата е антиженско, антихуманистичко и противуставно, бидејќи претставува замешување на религијата во донесувањето на законите.

Со ваквото делување се напаѓа уставниот поредок според кој Северна Македонија е секуларна држава, што значи дека МПЦ или која било друга верска организација не треба да се впушта во обликување на закони и политики кои не го уредуваат работењето на верските заедници, реагира Платформата и додаваат дека МПЦ уште повеќе се етаблира како организација која шири мизогонија и се залага за зачувување и реафирмирање на подредената улога на жената во општеството.

Епископот оди дотаму што го оспорува самиот термин родова еднаквост! Оттука, логично произлегува заклучокот дека според црквата мажите и жените не се еднакви, па не треба да се донесуваат закони кои ја гарантираат нивната еднаквост. Идејата дека жените и мажите не се еднакви е во коренот на тврдењето дека борбата за родова еднаквост претставува наметнување на идеологија, наместо природно и уставно гарантирано право на секој човек. Идејата дека родот и полот се бинарни и дека, според тоа, луѓето припаѓаат само на една или на друга категорија (маж или жена), е основата врз која се гради идејата за родова нееднаквост, за дијаметралната спротивност на мажите и жените и за централната улога на мажот во општеството – наспроти помошната улога на жената која се дефинира преку репродуктивната функција, се наведува во реакцијата на Платформата за родова еднаковост.

Потенцираат дека Црквата не го прави ова без интерес, а афирмирањето и зачувувањето на шовинистичките вредности според кои жените им се подредени на мажите, и овозможуваат на Црквата да ја зацврстува својата политичка и економска моќ, преку ширење религиозни догми, манипулација со стравовите на луѓето и контролирање на политичкиот дискурс. Исто така, велат дека кога Црквата се меша во донесување закони, значи дека заговара за решенија кои нејзе ќе и донесат повеќе моќ.

Користењето на религијата за зацврстување и одржување на привилегиите и политичката моќ претставува религиозен фундаментализам. Слободата на вероисповест не претставува слобода за фундаменталистичко делување! Религиозниот фундаментализам против родовата еднаквост во демократско општество мора да се ограничи за да може да се гарантираат правата на сите граѓани. Жените, мажите, трансродовите луѓе, луѓето со различни родови идентитети не се идеологија, туку луѓе чии права мора да се гарантираат и соодветно да се заштитат, посочуваат од Платформата.

Го осудија и учеството на избрани претставници во Локалната самоуправа и Советот на општина Струмица, оценувајќи го како скандалозно.

Со своето присуство му дадоа легитимитет на форумот како база за линчување на активистки и неистомисленци и за поттикнување на омраза, со што се загрозува не само личната безбедност, туку и безбедноста и интегритетот на граѓанските организации кои работат на промоција на родовата еднаквост и демократизацијата на државата во процесот на пристапување кон ЕУ, се наведува во соопштението.

Посочуваат дека од една страна централната власт – СДСМ, се обврзува да работи на промовирање и униапредување на родовата еднаквост, а од друга страна локалната власт во Струмица предводена од истата партија присуствува на вакви настани.

За настанот реагираше и Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика, ја информира и реагира до јавноста дека во врска со изнесените ставови во однос на родовата еднаквост и новото предлог законско решение за родова еднаквост, изнесени на трибина „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“, во организација на Елеуса Фондацијата, дефинициите и поимите, кои се во дискурсот на родовата еднаквост се погрешно интерпретирани, користејќи реторика која е спротивна на основните принципи за човекови права врз кои се заснова Предлог Законот за родова еднаквост. 

Ваквите ставови изнесени на трибината го враќаат општеството назад, не придонесуваат за подобар квалитет на живеење, туку водат кон зајакнување на стереотипите и предрасудите, кон говор на омраза, дискриминација и ксенофобија, велат од МТСП.

Додаваат дека тенденцијата на овој закон е да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите во општеството. За наративот против родовата еднаквост вклучително и сексуалното образование, велат дека е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања, неприфаќање на различностите и наметнување на дискриминирачки ставови за различноста.

Сексуалното образование во училиштата ќе овозможи поддршка на младите во созревањето, да изградат сопствен систем на вредности и самопочит што ќе им овозможи да носат одговорни одлуки и да се однесуваат одговорно, да се спречи предвремени и незаштитени сексуални односи, да се превенираат бројните несакани последици од незнаење и предрасуди, злоупотреба и насилство и да придонесе за развој на толерантни и квалитетни односи помеѓу момчињата и девојчињата засновани на меѓусебна почит, заклучија од Министерството.

  • Владиката Јаков и писателот Венко Андоновски ги повикаа пратениците на претпазливост со носењето на Законот за родова еднаквост

На трибината што се одржа во петокот, епископот Јаков Стобиски се изјасни дека е загрижен од Предлог-законот за родова еднаквост, а според него, тој  носи голема опасност за општеството и основните човекови права.

ShareTweetShare
Previous Post

Ако од денеска, па во наредните денови купите велосипед ќе добиете субвенција до 10.000 денари од Општина Струмица

Next Post

Во струмичката болница за првпат е изведена процедура за стентирање на вратна артерија преку артерија на рака на пациентот

Related Posts

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј
Вести

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

сабота, 24 мај, 2025 | 06:52
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

петок, 23 мај, 2025 | 16:42
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Двајца струмичани тешко повредени откако со својот автомобил излетале од патот Градско – Прилеп

петок, 23 мај, 2025 | 14:32
Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска
Вести

Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска

петок, 23 мај, 2025 | 12:32
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Вести

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

петок, 23 мај, 2025 | 07:11
Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица вчера со срамна реакција го потврди тоа што го обелоденивме – велат струмичките Социјалдемократи

четврток, 22 мај, 2025 | 14:37

ТОП ВЕСТИ

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица
Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“
Католичката катедрала во Струмица слави 100 години од основањето – промовирана и Монографија

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Во четврток Промоција на „Разкази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Село
Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“
Во сабота пазарите нема да работат поради празникот
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist