Патниот правец Бела Вода – Ратево, дел од регионалниот пат Струмица – Берово, во моментов е целосно затворен за сообраќај поради големи наноси од одрони на коловозот.
Според информации од возачи кои се наоѓаат на терен, сообраќајот е во целосен прекин, а движењето на возилата не е возможно во ниту една насока.
Екипи задолжени за одржување на патиштата веќе се ангажирани на терен и работат на расчистување на одроните, со цел што поскоро нормализирање на сообраќајот.
Надлежните апелираат до возачите да користат алтернативни патни правци, да возат внимателно и редовно да ја следат состојбата на патиштата, особено поради нестабилните временски услови.
ДОПОЛНИТЕЛНО од АМСМ во 19:15 часот – На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
МИА во 19:45 часот – Сообраќајот на регионалниот пат Берово – Струмица, кој претходно беше целосно блокиран поради поголеми наноси од одрони, според информации од терен во моментов се одвива по една коловозна лента.




























