Од 14:10 часот сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица – Ново Село (пред влезот за Ново Село) е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода – информираат од АМСМ.
ДОПОЛНИТЕЛНО во 18:00 часот: Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.




























