Денеска од 11:00 часот на магистралниот пат А4 Струмица- Радовиш поточно во село Владевци на крстосницата кон село Сушево, се случи сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила. Поради вршење на увид, патот е времено затворен во двата правци, а сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат, информираат од АМСМ.