сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Завршија „Средбите под јаворите“ – Колешино полно со деца и писатели

петок, 9 јуни, 2023 | 15:57
in Вести, Ново Село, Струмица

Заврши 22-то издание на тридневната литературна манифестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец 2023“, која во изминатите три дена се одржуваше во Струмица и родното место на големиот македонски писател Видое Подгорец, во селото Колешино.

Вчера, на денот кога е роден Видое Подгорец, а ако беше жив ќе полнеше 89 години, училишниот двор и селото Колешино беа полни со многу ученици од повеќе градови и села на Македонија. Беше полно и со писатели, со ликовни уметници, со наставници, децата во природа цртаа, пишуваа, читаа поезија, раскази, беа актери, имаше и облечени во карневалчиња.

Познатиот сликар Живко Поповски – Цветин црташе со децата, но им подари и многу цветови насликани на хартија, разменуваше и по некој збор со нив. А една долга слика од Цветин си доби и нашиот познат фолклорист Иван Котев, кој беше дел од ова манифестација. Децата имаа можност да го запознаат и да се фотографираат со најблискиот пријател на Подгорец, писатетелот Киро Донев. Тие со своите наставници ја посетија и куќата во која се родил и живеел Видое Подгорец. А покрај учеството на манифестацијата, децата имаа можност да го посетат и Колешинскиот водопад. Беа доделени признанија и благодарници на помагатели, учесници, пријатели, институции. Организаторот, на сите учесници и гости им посака со добро здравје догодина пак да дојдат на уште едно традиционално литературно дружење.

„Средби под јаворите – Видое Подгорец“ годинава се дел од „Струмица Опен фестивал“, со поддршка на Општина Струмица, а освен Струмица оваа манифестација финансиски ја поддржа и Општина Ново Село.

  • На вториот ден од „Средби под јаворите“ – книжевна трибина и средби на писателите
  • Избрани најдобрите библиотекари – „Библиотеката темел на писменоста“

Видое Подгорец е еден од најплодните македонски писатели, патописец, поет, раскажувач и романописец за деца и возрасни. Припадник е на втората генерација македонски писатели. Објавил голем број стихозбирки, раскази и романи. Роден е на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино, во сиромашно семејство. Во родното село завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип. Потоа, со неполни 16 години почнал да работи како учител. Поради сиромаштијата, не бил во состојба редовно да ги следи предавањата на Скопскиот универзитет, па затоа, студирал како вонреден студент. Во 1956 година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска книжевност. Потоа, три години работел како училиштен инспектор за Штипската околија, а во 1962 година се вработил во Скопје, во „Нова Македонија“, т.е. во редакцијата „Детска радост“, како уредник на детските списанија „Другарче“ и „Наш свет“. Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК „Наша книга“. Починал на 14 април 1997 година во Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година.

ShareTweetShare
Previous Post

Ако планирате во недела да патувате низ Дојран патот ќе биде затворен за сообраќај

Next Post

Млади готвачи од Струмица, Штип, Гевгелија и Кратово ги покажаа своите кулинарски вештини на „Tasty“ – Струмица 2023

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist