четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Завод и Музеј Струмица: „Струмин гроб“ во Баница претставува вообичаена фунерарна (погребна) архитектура на локален великодостојник

петок, 17 ноември, 2023 | 08:17
in Вести, Струмица
Завод и Музеј Струмица: „Струмин гроб“ во Баница претставува вообичаена фунерарна (погребна) архитектура на локален великодостојник

По реакциите на струмичани на социјалните мрежи, а во врска со тоа дека Општина Струмица, како предлог идеја од Буџетскиот форум со најава во следната година да се дислоцира „Струмин гроб“ од Баница во идниот парк во касарната, со соопштение се огласија од НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица.

  • Споменикот „Струмин гроб“ ќе биде преместен во идниот парк во новата градска населба Карпош

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Согласно реакциите на граѓаните по однос на прашањето за споменикот „Струмин гроб“, и вооедно именување на институцијата да се изјасни по однос на прашањето за значењето на овој споменик, го даваме следното известување:

Овој објект за првпат бил прогласен за споменик на културата во 1981 година согласно Решение бр.03-95/1 од 06.06.1981 год. Од таа причина, во текот на 1983 година, се извршени археолошки истражувања од страна на Јован Ананиев, Томе Јанакиевски, Милан Ивановски и Паско Кузман. Со истражувањата НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ човечки остатоци, ниту пак било какви гробни прилози. Истражувачите, исто така, констатирале дека се работи за фунерарна архитектонска конструкција на непознат великодостојник од Османлискиот период и дека потоа, околу гробницата никнала некропола во која се погребувало месното население од Баница. Од таа причина, 1997 година, е направена ревизија за утврдување својство на споменик на културата од страна на тогашниот Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата – Скопје и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица. Комисија констатирала дека доцносредновековниот гроб од Баница не поседува доволно елементи кои го определуваат како споменик на културата и дека треба да се избрише од Регистерот на споменици на културата. Истиот го губи својството на споменик на културата со Решение бр.10-32/1 од 26.03.1997 година.

Таканаречениот „Струмин гроб“ во село Баница претставува вообичаена фунерарна (погребна) архитектура на локален великодостојник (ага, бег или верски учител?) од Османлискиот период. Слични надгробни споменици се наоѓаат насекаде низ Османлиското Царство. Разликите со другите фунерарни конструкции се од локален карактер и зависат од групата мајстори кои ги граделе.

За кој великодостојник се работи, досега стручната литература не ни дава никакви податоци и засега останува непознат. Но, повеќе од јасно е дека треба да го бараме меѓу благородништвото на месното население. Некрополата околу ѕиданиот гроб најверојатно настанала поради важноста на личноста погребана во него.

Кој и зошто ја поврзал легендата за Струма со гробницата од Османлискиот период во Баница, не ни е познато. И покрај тоа што кај струмичани оваа гробница останала запаметена како Струмин гроб, археолошките истражувања сепак не го оправдале сето тоа со потребните материјални докази.

Со почит,

НУ Завод и Музеј Струмица

ShareTweetShare
Previous Post

Министерот Оливер Спасовски ја посети Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“

Next Post

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во Струмица во посета на реновираниот Регионален Центар

Related Posts

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist