Вчера во 01:30 часот во селото Просениково, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.М.(40) од истото село, поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од СВР Струмица.