Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека жителите на селото Куклиш денеска попладне останаа без вода, а причината е, според соопштението поради настанат дефект на трафостаницата на ЕВН, преку која ја снабдува со електрична енергија Пумпната станица за водоснабдувањето на Куклиш.
„Екипа од ЕВН работи на терен и се очекува утре во попладневните часови дефектот да биде саниран со што водоснабдувањето ќе се врати во нормална состојба“ – соопштија од „Комуналец“.