четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

„Елеуса Фондација“ ги претстави своите хуманитарни активности во ова година – 750 хуманитарни пакети и над 2.500 топли оброци

недела, 27 ноември, 2022 | 21:57
in Вести, Струмица
„Елеуса Фондација“ ги претстави своите хуманитарни активности во ова година – 750 хуманитарни пакети и над 2.500 топли оброци

Вечерва во организација на „Елеуса Фондација“ во хотелот „Вила Парк“ во Струмица се одржа Хуманитарен настан на кој беше претставена досегашната работа на фондацијата „Елеуса“, со цел да се поттикнат уште повеќе деловни субјекти, луѓе од бизнис секторот, општините и сите граѓани да се вклучат во нивната работа и да станат дел од ова хумано семејство.

На настанот до присутните се обрати Викарниот епископ стобиски г. Јаков – „Сострдалноста и милосрдието се нешта на што нѐ учи самиот Христос“ – кажа г. Јаков.

„Гладен бев, вие ме нахранивте, кога бев жеден, ме напоивте, кога бев патник, ме прибравте, кога бев без облека, ме облековте, кога бев болен, ме гледавте, кога бев в затвор, ме посетивте. Овие евангелски зборови на Христос на крајот ќе нѐ разликуваат од другите. Не колку долго стоиме во црква или колку се молиме, или колку метании правиме туку што чувствуваме во срцето кога ќе видиме некој што страда, што правиме за да помогнеме на беспомошните, гледајќи го секој човек како наш ближен, гледајќи го во него образот Божји“ – истакна Викарниот епископ г. Јаков.

На настанот беа промовирани и видео записи за досегашната работа на Фондација „Елеуса“.

„Исак Сирин вели: „Радувајте се со оние кои се радуваат и плачете со оние  кои плачат“. Ние плачевме и со Џоко од Русиново, и со баба Достана и уште со бројни наши браќа и сестри на кои им е неопходна помош. Но, исто така се радувавме по секоја нивна добиена фотографија, радосни за помошта која ја добиле. Ние нема да застанеме тука. За два ипол месеци успеавме да поделиме 2.500 топли оброци, од почетокот до денес имаме испратено 750 хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена. Помогнавме за реконструкција на две куќи, а испраќаме и еднократна помош. Истовремено организираме и различни едукативно-културни настани“ – кажа Наташа Василевска Трајчевска од „Елеуса Фондација“.

Од ова Фондацијата упатија голема благодарност до сите присутни, благодарност за донациите собрани ова вечер кои ќе послужат за подготовка на хуманитарните пакети по повод претстојните Божиќни празници.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Маж со својот трактор удрил во метална шипка и загинал

Next Post

ВИДЕО: Успешна приказна за претприемачите од Југоисточниот регион – Коста Тимов, сопственик на ресторанот „Кај Виктор“

Related Posts

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist