Диаверум Македонија продолжува со едукативните медицински конференции, акредитирани од страна на Лекарската комора на Македонија. Диаверум Струмица беше домаќин на едукативен стручен состанок на тема: „Хронична бубрежна болест – превенција, дијагностика и третман“, на којшто присуствуваа повеќе од 60 медицински професионалци од примарното и секундарно здравство од Струмица, Радовиш и Валандово.
Состанокот го отвори Елисавета Колевска, менаџер на Диаверум Струмица со претставување на Диаверум компанијата и културата за вистинска грижа.
Медицинското предавање започна од страна на д-р Менче Неделкоска, специјалист на интерна медицина и заменик медицинскиот директор на Диаверум Македонија со презентација „Алатки за дијагноза на ХББ“, а по неа говореше д-р Надица Мисовска, субспецијалист нефролог и медицинскиот директор на Диаверум Македонија со презентација на темата „Терапевтски пристап кај лицата со ХББ“. Своја презентација имаше и одговорниот доктор на Диаверум Струмица, специјалист на интерна медицина д-р Дитка Ивановска со презентација на тема „Саркоидоза и ХББ – приказ на случај“.
По состанокот учесниците имаа можност да воспоставуваат конекции, бидејќи, како што велат од Диаверум резултатите се подобри кога заедно градиме мостови.