Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, утре (петок, 17 јануари) без снабдување со електрична енергија ќе останат:
Од 09:00 до 14:00 часот – дел од село Баница – кај воените магацини, село Водоча, Агроконсалтинг Водоча и објектот на Силотер (ТС Вреж),
Од 09:05 до 09:40 часот – селата Мокриево, Мокрино и околни фирми,
Од 11:00 до 11:30 часот – југоисточен дел на корисниците од село Ново Коњарево,
Од 12:30 до 13:05 часот – поголем дел на корисниците од село Турново и околните фирми.