вторник, 2 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Д-р Јадранка Поцкова ги повика граѓаните во среда масовно да излезат и да гласат за нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова

понеделник, 22 април, 2024 | 15:37
in Вести, ИЗБОРИ 2024

На денешното прес обраќање од Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Јадранка Поцкова, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, упати апел до граѓаните за масовна излезност на изборниот ден во среда, 24 април кога ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори 2024.

Почитувани сограѓани,

Во среда на 24 април ќе се одржи гласањето во првиот круг за претседател на Република Македонија.

Резултатите од овие избори ги препознава секој реален граѓанин: Претседател на Република Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе победи како реализирана,  искрена и честита жена која верува во државноста на својот македонски народ. Кандидатка која знае што е устав и закони.

Ни претставува чест, имаме историска должност, како Изборен штаб да ве поканиме масовно да излеземе во среда на 24 април и со заокружување на бројoт 2 да дадеме силна поддршка на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Утре, секој коректен политичар треба да го почитува предизборниот молк. Македонија едноставно ни е одземена но, промените се можни и сега ни се на дофат. Затоа, чистиот и законски тек на изборниот процес се важни за сите нас граѓаните.

Македонија и нашата надеж се вечно живи: „кај што мислат тоне – таа извира“!

Победа на нашата кандидатка ќе значи пораз на комплетно погрешните политики на власта на СДСМ.

Во среда промените се во твои раце. Да излеземе масовно на избирачките места, да го оствариме со гордост нашето граѓанско право, да не дозволиме некој друг да решава во наше име, да го заокружиме на гласачкото ливче бројот 2.

Во среда нека нашиот глас за Гордана Силјановска Давкова одекне во гласачките кутии. Од таму, силен глас нека објави: Македонија е повторно твоја!

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун и 12.000 денари за зелена нафта

Next Post

Денеска во Македонија се одбележува Денот на поштенските работници – во Струмица скромно со доделување признание на вработени

Related Posts

Ване Митушев именуван за нов директор на ЈСП „Струмица Транспорт“
Вести

Ване Митушев именуван за нов директор на ЈСП „Струмица Транспорт“

вторник, 2 декември, 2025 | 13:53
Методија Пасков именуван за нов шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Методија Пасков именуван за нов шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица

понеделник, 1 декември, 2025 | 18:13
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
Вести

За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица

понеделник, 1 декември, 2025 | 09:53
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Вести

На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица

недела, 30 ноември, 2025 | 19:45
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Вести

Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН

недела, 30 ноември, 2025 | 09:20
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Струмичани му украле 160 вреќи компир на тетовчанец од камион кој бил паркиран во Струмица

сабота, 29 ноември, 2025 | 17:25

ТОП ВЕСТИ

Методија Пасков именуван за нов шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица
Фондацијата „Елеуса“ со благодарничка вечер во Банско: 14.000 оброци, 850 пакети и пет хуманитарни концерти во 2025 година
Покрената истрага против 48-годишникот од Просениково кој се обидел да си ја убие сопругата

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist