недела, 13 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Дополнителниот заменик министер за финансии, Елена Петрова во посета на струмички компании

среда, 21 февруари, 2024 | 17:37
in Вести, Струмица
Дополнителниот заменик министер за финансии, Елена Петрова во посета на струмички компании

Дополнителниот заменик министер за финансии во техничката Влада, Елена Петрова денеска беше во посета на неколку струмички компании. По средбите таа имаше прес конференција на која информираше за денешните активности и разговорите со бизнисмени, но и со раководството и членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

„Можам да заклучам дека предизвиците на компаниите се слични, лошите економски политики, лошите одлуки или ненавремено донесени одлуки се одразуваат погубно врз некои сектори и индустрии, како на пример овде во Струмица добивме информација дека и градинарството, нешто што е традиционално за струмичкиот регион е во големо опаѓање и изумирање заради начинот на производство којшто се применува. Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе  мора да има мерки и политики на долг рок којшто ќе постават еден сосема нов правец кој ќе создаде основа за одржлив економски развој, значи не само директни економски мерки и политики, туку мерки и политики во образованието за да се создаде работна сила со соодветни компетенции, демографски мерки и политики, мерки и политики во заштитата на животната средина, исполнување други стандарди коишто од нас би ги барале странските деловни партнери кон кои треба да се шират македонските производи“, кажа Петрова.

Дополнителниот заменик министер за финансии во техничката Влада истакна дека горлив проблем за компаниите се и бирократските бариери во администрацијата и видливата корупција.

„Времето за бизнисот е пари, а компаниите чекаат со години за завршување на процедури во администрацијата, а за тоа време стојат нивните инвестиции. Компаниите немаат предвидливост и стабилност во нивното работење. Значи неопходно е реструктуирање и модернизација на јавната администрација, особено преку дигитализацијата за да се овозможи поголема ефикасност на сервисот од админстрацијата и да се намали корумпираноста“ кажа Петрова.

Таа најави дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди една цврстина во управувањето со јавните финансии, односно една силна фискална дисциплина.

ShareTweetShare
Previous Post

Книжевен портрет на писателот проф. Венко Андоновски

Next Post

Кире Пиличев и Георги Кончалиев создадоа краток филм „Кажи ДА на природата“

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ сé уште прави анализи кој да им биде кандидат за градоначалник на Струмица – Антонио Милошоски на средба со членството
Вести

ВМРО-ДПМНЕ сé уште прави анализи кој да им биде кандидат за градоначалник на Струмица – Антонио Милошоски на средба со членството

сабота, 12 јули, 2025 | 20:04
Костурино го слави Петровден – Даскаловски присуствуваше на турнир во пеливанско борење
Вести

Костурино го слави Петровден – Даскаловски присуствуваше на турнир во пеливанско борење

сабота, 12 јули, 2025 | 19:21
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Претрес во Струмица, пронајден хашиш

сабота, 12 јули, 2025 | 10:55
Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist