четврток, 19 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Донесен новиот буџет на општина Струмица – тежи 24.750.000 евра

среда, 25 декември, 2024 | 19:37
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Донесен новиот буџет на општина Струмица – тежи 24.750.000 евра
Донесен новиот буџет на општина Струмица – тежи 24.750.000 евра
Донесен новиот буџет на општина Струмица – тежи 24.750.000 евра
Донесен новиот буџет на општина Струмица – тежи 24.750.000 евра
Донесен новиот буџет на општина Струмица – тежи 24.750.000 евра
Донесен новиот буџет на општина Струмица – тежи 24.750.000 евра

Буџетот на општина Струмица за 2025 година тежи 1.522.390.450 денари или 24.750.000 евра. Со 12 гласа „за“, 9 „против“ и 1 „воздржан“, советниците во Советот на општина Струмица на денешната 46 седница го изгласаа новиот буџет по кој ќе се води општината во новата 2025 година.

Од вкупно планираните расходи во буџетот за 2025 година, 79% се тековно-оперативни, а 21% се капитални расходи кои го сочинуваат билансот на капитални расходи. Според структурата на тековните расходи, од вкупно 1.203.337.450 денари, дури 63% се однесуваат на расходи од блок дотации каде доминираат платите на вработените во образованието, детските градинки и културата, додека кај структурата на капиталните расходи од вкупно 319.053.000 денари, 89% се однесуваат на капитални расходи во основниот буџет, а 11% се донации од ИПА фондови.

„После консултациите со граѓаните на општина Струмица на одржаните Собири на граѓаните по Месни заедници во населените места и Урбаните заедници во градот, како и одржаните форумски сесии како главни активности на Буџетскиот форум за донесување на буџетот на општина Струмица за 2025 година, на кои учествуваа претставници од руралните и урбаните месни заедници и буџетските корисници, произлегоа многу предлози и писмени барања кои беа вградени во развојните програми и тие сега се составен дел на овој предлог буџет, заедно со буџетските програми од кои развојните програми ги претставуваат капиталните расходи за 2025 година“ – кажа градоначалникот Костадин Костадинов образложувајќи го буџетот пред советниците.

Опозицијата реагираше на предлог буџетот, вели дека овој буџет е крајно несериозен, ќе трпи многу ребаланси, не се однесува на реалните барања на граѓаните и буџетските корисници.

„Буџетот е правен само за да се има буџет, да се запазат законските рокови за негово донесување. Овој буџет е креиран за мегаломаски хирови на одредена владејачка структура, која за среќа е во заминување. Овој буџет не е граѓански и не е правен за граѓаните на Струмица и населените места. Во овој буџет, за да се покријат трошоците за најскапите автобуси ќе се прават уште ребаланси, а ќе се кратат средства од програми кои се особено важни за граѓаните“ – кажа Владимир Ристов, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврди дека голем дел од програмите што треба да се реализираат 2025 година се намалени за 50 проценти, а некои 60 и повеќе проценти во споредба со 2024 година.

На седницата советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се расправаа и за тоа кој колку направил за Струмица во изминатите 30 години, едните за последните 20 години, а другите за претходните 11 години додека биле на власт.

Освен новиот буџет, советниците на денешната седница донесоа и Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2025 година, го прифатија предлогот за субвенционирање на сметките за гас за домаќинствата на подрачјето на општина Струмица и за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем и во новата 2025 година.

Беа усвоени повеќе програми и извештаи за работата на јавните претпријатија кои се под надлежност на општината, но и предлог програми во повеќе области, како што се културата, образованието, спорт и млади.

ShareTweetShare
Previous Post

Во прекин е водоснабдувањето на улицата „24-ти Октомври“

Next Post

СОУ „Јане Сандански“ од Струмица со најуспешен училишен спортски клуб

Related Posts

Во понеделник ќе се прска против комарци
Вести

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:43
Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ
Вести

Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:12
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Вести

Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

вторник, 17 јуни, 2025 | 10:24
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Вести

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци

вторник, 17 јуни, 2025 | 09:48
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница

понеделник, 16 јуни, 2025 | 14:23
Познатиот карате мајстор Илија Јорга – соке 10 дан, одржа дводневен семинар во Струмица
Вести

Познатиот карате мајстор Илија Јорга – соке 10 дан, одржа дводневен семинар во Струмица

недела, 15 јуни, 2025 | 19:12

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница
Kривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица – го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist