Социјалдемократите од Струмица вечерва на внатрепартиска конференција што се одржа во Домот на АРМ ја утврдија листата од 23 членови на Советот на општина Струмица со која ќе се претстават на Локалните избори за избор на градоначалник и членовите на Советот на општина Струмица.
Доктор Миле Гогов, специјалист невролог вработен во ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица ќе ја предводи советничката листа на СДСМ. Зад него се Танкица Митрева досегашна советничка, д-р Лазе Манев специјалист радиолог, Софија Димитријева директорката на Детската градинка „Виножито“, Илија Патриков вработен во Централен регистар, Павлинка Димитрова сметководител, претседателот на младите социјалдеморкати Христијан Ефтимов. Меѓу првите десет кандидати се и двајца од турската заедница, Селда Исмаилова и Шефкет Асанов, а како десетта е поранешната директорка на струмичката гимназија, Вања Изова Велева. Следуваат Милица Манчева, Зоран Спасов, Гале Галев, Злате Стојановски, Јане Вучков, Мери Туџарова, Илија Стојанов, Александра Митева, Љубинка Чонева, Васко Стојков, Емилија Крстева. Марија Јанева и Живко Андреев.
„Пред нас стои тим од докажани социјалдемократи – луѓе кои својата чесност, професионалност и работа за заедницата ја имаат покажано и докажано. Заедно со носителот на листата Миле Гогов, тие се гаранција дека Советот ќе биде вистински глас на граѓаните, дека секој еден жител на нашата општина ќе има своја поддршка и застапеност“, кажа Марјан Даскаловски, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ.