петок, 8 декември 2023
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица

петок, 20 октомври, 2023 | 15:49
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица

Денеска вкупно 68 талентирани ученици од струмичките основни и средни училишта на свечен начин ги добија сертификатите за стипендија од Општина Струмица и Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“. Стипендијата изнесува 2.500 денари за учениците од средните и 2.000 денари за учениците од основните училишта во траење од 9 месеци.

Општина Струмица веќе втора година по ред го распишува Јавниот повик преку кој дава стипендии на најталентираните деца од основно и средно образование во општина Струмица со цел да ги мотивира и учениците да продолжат да ги даваат успесите. Тие за оваа учебна година доделија 45 стипенди од кои 25 за ученици во средното образование и 20 ученици во основното образование.

„Кога зборуваме за плодна соработка, за потпишани меморандуми, особено драг е меморандумот којшто го имаме потпишано со Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, којшто треба да биде мотив и за останатите луѓе, организации, за целиот граѓански сектор, дека само по себе Општината, општинската администрација, советниците, не можат да сторат ништо, без притоа да имаме на ум дека треба да го сториме она, што всушност е најтешко да се биде во 21 век, да се биде човек, да се има разбирање, да се дава поддршка, да се биде човек којшто мотивира, да се биде човек којшто инспирира и да се биде човек којшто знае и текако да ги препознае и да ги награди успешните луѓе, а во денешниот случај успешните наши струмички деца од основно и средно образование. Драги дечиња, сигурен сум дека таквото признание коешто ќе го добиете и стипендијата што ќе ја добиете како плод на успешната соработка на општина Струмица со Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ ќе ви биде силна мотивација да бидете и понатаму чувари на образот на Струмица“, кажа во своето обраќање градоначалникот Костадин Костадинов, кој заедно со Ева Заева од Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ им ги доделија сертификатите на учениците.

За Ева Заева од Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ која додели 23 стипендии, иднината на нашето општество, иднината на нашата заедница и иднината на секој поединец се заснова на стремежот кон создавање на нови знаења и искуства во текот на образованието, но и потоа.

„Оние кои ги прават активностите на нашата Фондација знаат дека голем број од досегашните активности беа насочени токму кон учениците и младите луѓе. Така беше досега, така и ќе продолжиме во иднина. За среќа ние не сме осамени во таа наша мисија, на истата бранова должина се најдовме и со Општина Струмица, која на чело со градоначалникот Костадинов води грижа за развојот на младите и студентите. Токму поради таа причина решивме да се приклучиме во стипендирањето на талентирани млади основци и средношколци“, кажа Заева.

Од името на учениците стипендисти се заблагодари ученичката Магдалена Мучева, истакнувајќи дека оваа поддршка е од големо значење за нив и нивниот развој.

„Со вашиот голем и безусловен допринос ќе ни дадете можност да се развиваме понатаму и со нашите нови успеси во иднина како идни врвни професионалци и одговорни граѓани на оваа општество да дадеме придонес и на тој начин да возвратиме за укажаната доверба. Ветуваме дека дадената прилика ќе ја искористиме со максимална одговорност и ќе се посветиме на својот развој“ – кажа ученичката Мучева.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Приведен крадец во Струмица, украл 179 кутии цигари

Next Post

Струмичкиот плоштад полн со земјоделски производи – се одржа „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2023“

Related Posts

Полициски службеници во контрола на угостителски објекти во Струмица – пронајдени малолетници по 24 часот
Вести

Полициски службеници во контрола на угостителски објекти во Струмица – пронајдени малолетници по 24 часот

петок, 8 декември, 2023 | 14:02
Небиу и Костадинов во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш поделија нова детска облека запленета од македонските институции
Вести

Небиу и Костадинов во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш поделија нова детска облека запленета од македонските институции

четврток, 7 декември, 2023 | 18:27
Волонтерството е значаен фактор во животот на еден млад човек — кусометражен филм на Црвен крст – Струмица по повод Денот на волонтерството
Вести

Волонтерството е значаен фактор во животот на еден млад човек — кусометражен филм на Црвен крст – Струмица по повод Денот на волонтерството

среда, 6 декември, 2023 | 21:14
„Pull Up“, нова песна на струмичкиот рап артист Дако, трета за оваа година
Магазин

„Pull Up“, нова песна на струмичкиот рап артист Дако, трета за оваа година

среда, 6 декември, 2023 | 19:58
Професорот Кирил Барбареев го прими признанието „Св. Кирил и Методиј“ на Општина Струмица
Вести

Професорот Кирил Барбареев го прими признанието „Св. Кирил и Методиј“ на Општина Струмица

среда, 6 декември, 2023 | 17:19
Во недела и понеделник посебен режим на сообраќај кон Црквата „Свети Петнаесет“
Вести

Во недела и понеделник посебен режим на сообраќај кон Црквата „Свети Петнаесет“

среда, 6 декември, 2023 | 14:04

ТОП ВЕСТИ

Документарниот филм „Лука“ со Специјална награда од жирито на „Jeju Movie Concert Festival“ во Јужна Кореја
Млади со попреченост ѕвезди на модната писта – „Убави сме, свои сме“
Ќе се раскажува концертот на YU FOR YOU – Празник во Струмица на евергрин музиката и легендите

ВЕБ БИЛБОРД

Домот за стари лица „Св. Јован“ има потреба од негуватели Домот за стари лица „Св. Јован“ има потреба од негуватели
Млекара ЈОКА вработува Млекара ЈОКА вработува
МУЛТИХЕМ има потреба од вработување на две лица МУЛТИХЕМ има потреба од вработување на две лица
СЕ ИЗДАВА трособен наместен стан во центарот на Струмица СЕ ИЗДАВА трособен наместен стан во центарот на Струмица
„Алмак“ Струмица вработува шивачки во производствениот погон за душеци „Алмак“ Струмица вработува шивачки во производствениот погон за душеци
„РАЗНОПРОМЕТ АС“ Струмица има потреба од работници „РАЗНОПРОМЕТ АС“ Струмица има потреба од работници
СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР позади зградата „Здравец“ СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР позади зградата „Здравец“
СЕ ИЗНАЈМУВА АТРАКТИВЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА! СЕ ИЗНАЈМУВА АТРАКТИВЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА!
АЛМАК вработува! АЛМАК вработува!
Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон

АПЕЛ за ПОМОШ на Дениса!

АПЕЛ за ПОМОШ на Дениса!

НАЈАВА

Во недела и понеделник посебен режим на сообраќај кон Црквата „Свети Петнаесет“
Во среда одете на одбојка, навивајте спортски и донирајте за младиот спортист Виктор Боневски
Ковачевски, Тренчевска и Аврамовска Мадиќ денеска во посета на Струмица
На 2 декември по 7-ми пат „Убави сме, свои сме“
Третиот концерт на YU FOR YOU со Дадо Топиќ, Стефан Илиќ & Стринг квартет

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist